УСЛОВИ ЗА КОРИСТЕЊЕ
Правила и услови за користење
 
ОПШТИ ОДРЕДБИ
Со овие услови за користење се уредуваат правата и обврските за корисење на сервисот Моја Работа.мк.
До сервисот се пристапува преку следната адреса https://mojarabota.mk (сервис) се услуги кој ги дава ТРИСТАР Т.К.М. дооел Скопје, со седиште на ул. Самоилова 116 Скопје, со ЕДБ MK 4030007634960 ( Компанија)
Условите за користење се составен дел на сервисот и со одредби од Договорот кој се склучува помеѓу, секој поединечен корисник на сервис, правни и физички лица, под услови и начин опишани во овие Услови за користење.
Со пристапот и користењто на овој сервис на компанијата корисниците ги прифаќаат условите на користење со што склучуваат договор со компанијата како давател на услугите.
Компанијата има право да објавува огласи во име на клиент кој има право на Огласот да не го прикаже своето лого и името на компанијата. И во овој случај сите поставени содржини за кандидатот кој аплицира за некоја работна позиција кај СКРИЕН РАБОТОДАВАЧ, ќе бидат испратени директно до работодавачот, а кандидатот ќе добие известување дека испратил апликација за вработување кај непознат работодавач.
Работењето на компанијата и овој сервис се регулирани со Законот за Облигациони односи, Закон за огласување, Закон за авторски и сродни права, Закон за трговска сопственост, Закон за заштита на лични податоци како и сите други правни прописи од правниот систем во Р.Македонија за деловите кој не се регулирани со наведените закони.
Сервисот не дава консултантски услуги и не посредува при вработување,  не дава други услуги кој не се наведени во овие услови, односно компанијата на ниту еден начин не влијае на огласената содржина ниту ја гарантира точноста и употребливоста на информациите достапни на огласите. Исклучува одговорност за содржината имаат оние лица од кој е дадена содржината за оглас.
Компанијата има право но не и обврска да во било кој момент одстрани било која содржина од сервисот без никакво известување или образложение.
 
БЕЗБЕДНОСТ НА СЕРВИСОТ
Овој сервис е наменет да објавува огласи за вработување во име на работодавачите односно за аплицирање за работа од страна на кандидатите.
Сите информации кој ги внесуваат корисниците мора да бидат точни и граматички исправни. Секое користење на дел од сервисот или во целост, кој не е во склад со Условите на користење се смета за злоупотреба.
Корисникот- кандидатот самостојно креира кориснички профил за регистрација и самиот е одговорен за тајноста на лозинката како и за содржината која ја испраќа до работодавач. Корисникот може да ја извести компанијата доколку се сомнева на неовластено користење за пристап.
 
Правила и услови за користење на веб страна Моја Работа.мк веб-страната
Ви благодариме за посетата на оваа веб страница. 

Ве молиме, внимателно да ги прочитате условите и одредбите содржани во овој документ бидејќи со секоја употреба на оваа веб страна се подразбира вашата согласност за прифаќање на условите и на правилата за употреба  што се наведени во овој документ.

Полиса за заштита на приватноста на веб-страната

Сите лични информации или материјали испратени на веб страната МојаРабота.мк подлежат на полисата за заштита и приватност на лични податоци на МојаРабота.мк, кои се наведени во ова известување за заштита на приватноста.
Компанијата односно сервисот во ниту еден момент не доаѓа во допир ниту ги чува личните податоци на кандидатите, односно Компанијата, сервисот не креира своја база на било каков материјал испратен од страна на кандидатите.
 

Точна, целосна и навремена информација
МојаРабота.мк не сноси одговорност за неточни или нецелосни информации објавени на оваа вебстраница. Сите информации и материјали добиени преку оваа веб страна ги употребувате и ги прифаќате на сопствен ризик. Се согласувате дека е ваша одговорност да ги следите сите промени на материјали и информации содржани на оваа веб-страна.

Испраќање податоци

Материјалот што го доставувате на оваа веб-страна, вклучувајќи ги податоците, прашањата, коментарите, сугестиите и слично  нема да се сметаат доверливи и заштитени. Податоците кои ги внесувате за логирање на оваа веб старна се користат исклучиво како параметри за користење на кориснички профил  и истите нема да бидат употребени за друга  намена освен наведената. Вашата е-меил адреса ќе биде користена исклучиво заради испраќање на известувања дека сте Аплицирале на некој оглас за вработување.

Право на интелектуална сопственост

МојаРабота.мк Сите права задржани.
МојаРабота.мк ги поседува сите авторски и други права на интелектуална сопственост над сите текстови, фотографии и други материјали содржани на оваа веб-страна или поседува дозвола за релевантен сопственик. 

Дозволено ви е да ја пребарувате веб-страната, да ја отпечатите содржината или да ја зачувате на хард-диск, како и за дистрибуција до други поединци, под услов да ги зачувате сите авторски и останати права на сопственост. МојаРабота.мк ќе го употреби законското право на интелектуална сопственост во целост, вклучувајќи и казнена тужба за сериозни прекршоци.

Линкови на други веб-страни

Линковите на другите веб-страници на МојаРабота.мк може да ве однесат надвор од мрежата на МојаРабота.мк. МојаРабота.мк нема одговорност за содржината, точноста или за функцијата на тие страници. 

Линковите се дадени во доверба и Моја Работа.мк не се смета одговорна за која било дополнителна промена на другите веб-страна за кои има дадено линкови. Приклучувањето кон линкови на други веб-страници не значи потврда од МојаРабота.мк

Ви препорачуваме да бидете внимателни и со голема сосредоточеност да ги прочитате законските известувања за приватноста на другите веб-страни што ги посетувате.

Гаранција и одрекување

Употребата на оваа веб-страна е исклучително на ваша сопствена одговорност.

Гаранција

Оваа веб-страна ви е овозможена врз база „достапност“ па оттаму, МојаРабота.мк не дава никаква гаранција, било изразена, индиректна, легална или друга, вклучувајќи ја и гаранцијата дека прикажаниот материјал на оваа веб-страна е целосен, точен, сигурен, навремен и дека не ù штети на третата страна; дека пристапот на страницата нема да биде непопречен или пак без грешки.
 
Одговорност

МојаРабота.мк и третата страна што учествувале во создавање, производство или доставување на оваа страна во наше име немаат никаква одговорност за директни, случајни, последователни, индиректни или казнени штети, трошоци, загуби или каква било одговорност што произлегува од пристапот, употребата, неможноста за употреба, промената на содржината на оваа веб-страна или кои произлегуваат од која било друга веб-страна преку линковите на оваа веб-страна или преку кое било дејство што го преземаме или не го преземаме како резултат на која било електронска порака која сте ја испратиле.

Недозволени дејства

Недозволени дејства се оние што МојаРабота.мк ги смета за несоодветни и/или кои ќе се оценуваат како незаконски чин или се забранети со кој било закон за примена на оваа веб-странаа, вклучувајќи, но не ограничувајќи се на: 

- Секој чин што претставува кршење на приватноста (вклучувајќи објавување приватни информации без лична дозвола) или кои било други права на поединецот.
      -     Употреба на оваа веб-страница за клевета или за обвинување на МојаРабота.мк,
нејзините вработени, други поединци или слично однесување што го загрозува угледот на Моја Работа.мк.
Додавање дадотеки кои содржат вируси може да предизвика штета на сопственоста на МојаРабота.мк или на сопственоста на поединецот.

Вие и МојаРабота.мк се согласувате дека кој било спор или тужба поврзана со употребата на оваа веб-страна ќе биде во надлежност на судот на Република Македонија.

„Cookies“
МојаРабота.мк не употребува технологија за следење („cookies“). Политиката на Моја Работа.мк за употреба на таква технологија е наведена во полисата за заштитa на приватност и на лични податоци на МојаРабота.мк.

Амандман на правниот коментар

Го задржуваме правото на измена и корекции на ова известување. Ве молиме да  пристапувате на оваа веб страница периодично со цел да имате преглед на ажурираните информации.